Панчевски за Заев и намалувањето на платите: Вредноста на вашиот труд е еднаква на нива од Муртино

0
860

Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски го коментира предлогот од експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев за минимална плата за сите вработени во државната администрација во следните два месеца.

„ВРЕДНОСТА НА ВАШИОТ ТРУД = НИВА ОД МУРТИНО

Интересно, Зоран Заев ќе ги намали платите на износ до 14.500 денари, сите гавази од правосудство што го поддржуваа овие три години во прогонот и заканите кон својот народ сега ќе земаат само 1/4 или 1/6 од платата што до сега ја земале, епа да си знаете толку вредите за лидерот кому му служите! Продолжете да си молчите веќе се е јасно. Не е до короната и вештачките кризи…

Ете толку вредат вашите дипломи вашиот животен труд, вашето знаење за Зоран Заев и власта, а по ова се гледа дека сте купени и на продажба!

Ако платата е еквивалент на трудот, а Зоран Заев или Владата ви ја определува вредноста на вашиот труд, знаење и работа додека вие си молчите очигледно сте послушни на газдата и самите не си го цените трудот!

Молчите, што значи позициите ви се подарени или толку мислите дека вредите, трето нема!

Жално, но реално, конечно и вие се соочивте со сопствената животна реалност“, реагира Панчевски на Фејсбук.

Коментирај