Панчевски: КОРОНА ЗДРАВСТВО – Следете ги во РИЗИЦИТЕ и ПРЕДИЗВИЦИТЕ на нашите херои за прес конференции

0
219

КОРОНА ЗДРАВСТВО

Сите знаеме каков здравствен систем имаме како држава, сите сме се соочиле со суровата реалност и знаеме дека во минатото сериозно тешко ги остварувавме здравствените услуги почнувајки од просторните, техничките па и кадровските услови завршувајки со не соодветниот третман што ретко кој „пациент” во Македонија го добил навремено и точно, особено и хигиената која е на незавидно ниво…

Тоа ни е јасно, тоа се факти на реалноста и од нив не се бега! Ни Филипче не може да избега! Министерството за здравство секогаш бил добар извор на тендери за личен профит на групации и индустрии.

Среќа е што сега со Корона вирусов бидејки не постои вакцина и медицината секако не е моќна да го совлада барем ги видовме сите доктори, професори и медицински лица на чело со министерот како се изредија по телевизии и други медиуми па сега во целата слика за нашето здравство ни е јасно какви демагози и импровизатори имаме на располагање.

Претставата продолжува следете ја следната прес конференција на владата и министерот, ако нема лек барем добро ве забављаат со акредитираните новинари и имаат прашање и одговор за се!

Следете ги во РИЗИЦИТЕ и ПРЕДИЗВИЦИТЕ на нашите херои за прес конференции!!!

Фејсбук објава на судијата Владимир Панчевски

Коментирај