Панчевски: Јовески лаже! Само 4 лидери можат да постават замена за Катица

0
638

Поранешниот претседател на Кpивичниот суд, Владимир Панчевски контра државниот обвинител Љубомир Јовески, кој денеска рече дека сега Советот на јавни обвинители треба да избере вршител на должност за шеф на СЈО од редот на помошниците обвинители на Катица Јанева и, патем, се повика на завршните одредби од Законот за СЈО иако таму тоа – не го пишува.

Панчевски порача: Јовески лаже! Јавен обвинител во СЈО не може да биде заменет со ВД обвинител кој ќе го определи Советот на јавни обвинители.

„Ако Катица Јанева ја поставија лидерите на 4-те политички партии само тие со политичка одлука можат да постават нејзина замена. Советот е под контрола на хунтата на власт, нека знае народот дека го манипулираат! Ке си одговарате, ПРАВНИ МАНИПУЛАТОРИ !!!“, напиша Панчевски на својот Фејсбук профил.

Јовески и Штерјев со различни толкувања за в.д. шеф на СЈО

Коментирај