Палевски: Се работи за брутален фалсификат на записници на самите изборни места

0
1460

Вчера се случи 85 проценти од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ да излезе на избори. Истите кои во декември испорачаа резултат од 450.000 гласови вчера испорачаа 120.000 гласови повеќе, вели Љупчо Палевски во емисијата Отворено студио на ТВ Нова.

– ВМРО-ДПМНЕ губел по 250-300 гласачи дневно од декември. Таква загуба на гласачи дневно е огромна бројка при намалена излезност. Се работи за брутален фалсификат на записници на самите изборни места. Не е битно кој гласа не е битен кој брои туку е битен оној што го составува записникот и го праќа во општинската изборна комисија – вели Палевски.

Коментирај