Овој тренд од ’80-те се враќа во мода

0
569

Модата се враќа наназад, а 1980те години како да земаат сè поголем замав. И освен што повторно доаѓа времето на нарамениците, на широките панталони и на големите фризури, се враќа уште еден моден тренд.

Овој пат станува збор за големите обетки, но не на пар обетки, туку само на една. Стилистите препорачуваат наместо накит каде што совршено ќе се комбинираат обетките со синџирчето, да ставите само една обетка, голема, впечатлива и поразлична, која ќе му даде сосема поинаков изглед на вашето лице и ќе го вообличи вашиот стил.

Овие обетки се препорачуваат за спортска, но и за елегантна комбинација. Бојата, материјалот и стилот, сепак ќе зависат од вас и од вашиот личен вкус.

www.hybread.mk

Коментирај