Овој пијалак треба да го избегнувате бидејќи создава брчки на вашето лице

0
329

Едни од најчестите грешки поврзани со убавината се лошите навики. Нашата кожа забрзано старее по 30-тите, па така треба да бидеме особено внимателни околу нашите навики.

Освен ако сте родени со одлична кожа која сама по себе изгледа младешки поради добрата генетика, брчките се составен дел од вашиот живот, особено после 30-тата година. Но, постојат одредени пијалаци и храна кои ги конзумираме, а кои го забрзуваат стареењето на кожата. Еден од нив е ледениот чај.

Тоа е така поради шеќерот кој е содржан во голема мера во ледениот чај. Тоа придонесува кожата да дехидрира, а со самото тоа, таа и побрзо да старее. Впрочем, многу истражувања покажуваат колку лош е преработениот шеќер за нашата кожа, а ледениот чај е една од состојките со најмногу шеќер на пазарот.

Иако можеби не можете да се откажете од благото и другите слични производи кои содржат шеќер, ледениот чај е првото нешто од што треба да се откажете доколку сакате кожа со младешки изглед и помалку брчки.

Коментирај