Овие намирници треба да ги конзумирате за да ја победите жештината

0
179

Ако мислите дека е сеедно што јадете во текот на летните горештини, се лажете. Постои одредена храна која може да го разлади вашето тело, а за тоа воопшто не сте свесни.

Нутриционистот, Даниел О’Шонеси советува која храна треба да ја јадете, а која да ја избегнувате во текот на летниот бран кој ја зафати цела Европа.

Тој вели дека лубеницата, куркумата и намалениот внес на јаглени хидрати и протеини можат да ја победат жештината., пренесува Метро.

Иако повеќе се препорачува во зима, чинија супа, би требало да ја јадете навечер, кога температурата на воздухот почнува да паѓа, а вашето тело со помош на супата ќе остане ладно.

„Супата ќе предизвика потење, но како што потта испарува, енергијата се апсорбира во воздухот и вашето тело се лади“, објаснува нутриционистот.

Тој вели дека поради тоа за разладување добар избор е и чили, поради кој повеќе ќе се потите, а притоа ќе го ладите телото.

Куркумата е зачин кој лето не смеете да избегнувате бидејќи таа ја подобрува циркулацијата, па помага на крвта побрзо да тече низ вените, поради што телото се лади.

Ова се десет трикови со храната, кои ќе ви помогнат да се разладите:

1. Јадете спанаќ

2. Навечер изедете чинија супа

3. Јадете лубеница

4. Зголемето го внесот на куркума

5. Бирајте храна со чили

6. Намалете ги јаглените хидрати

7. Јадете помалку месо

8. Јадете лук

9. Конзумирајте јадења и пијалоци кои содржат мента

10. Бирајте оброци направени со кокосово млеко

Извор:taratur.mk

Коментирај