Овчарска пита од компири

0
462

Овчарската пита е традиционално јадење, кое се појавува во XIX век во северна Англија и Шкотска, како резултат на комбинацијата од компири и неискористено печено овчко и јагнешко месо.

Состојки:

  • 500 гр. мелено месо
  • 1 млад кромид
  • 1 морков, рендан на големо
  • 100 гр. зелени пиперки
  • 100 гр. црвени пиперки
  • 300 гр. печурки, исчистени и исечени на кришки
  • 300 гр. домати, излупени и исечени на ситни коцки
  • 800 гр. готово пире од компири
  • 100 гр. кашкавал, рендан на големо ренде
  • црн бибер
  • 50 мл. масло
  • 30 гр. путер
  • 3 лажици магдонос, ситно сецкан
  •  сол

Подготовка:

1. Загрејте го маслото во тава и потоа додадете ги сецканиот кромид, морковите и пиперките. Зеленчукот пржете го додека да испари водата.

2. Ставете го во тавата меленото месо, црниот бибер и сол по вкус. Непрекинато мешајте додека да се запржи месото.

3. Кога меленото месо ќе се испржи, додадете ги печурките и доматите. Оставете го јадењето на огнот додека да се згусне.

4. Во сад за печење, подмачкан со масло, ставете  ⅓ од пирето од компири па смесата од меленото месо и зеленчукот и потоа додадете го и останатото пире. На крај посипете со сирење и ставете го јадењето во загреана рерна на 180 ° С додека порумени. Кога ќе биде готова питата посипете ја со свеж магдонос.

 

На здравје!

Коментирај