Оваа храна слободно можете да ја јадете пред спиење

0
138

Секој ден слушаме како не треба да јадеме пред спиење и кои намирници најмногу го загрозуваат нашиот мирен сон. Меѓутоа, постојат многу намирници кои, велат експертите, секогаш можеме да ги јадеме пред спиење.

Бананата е првото овошје на листата, кое е идеален избор за јадење пред спиење, бидејќи содржи триптофан и калиум, кои се совршени за добар сон. Од друга страна, ова овошје е слатко, што во секој случај е подобар избор од чоколадата.

Друго овошје кое ќе ви помогне да се наспиете е киви, чие влијание на сонот лежи во високото ниво на антиоксиданси и серотонин во неговиот состав.

Меѓу намирниците кои стимулираат подобар сон е сок од цреша, кој помага да се зголеми нивото на мелатонинските хормони, од кои се чувствуваме поспани. Здравата риба, како лосос или туна, исто така, произведуваат мелатонин, бидејќи тие се богати со витамин Б6. Затоа, конзерва туната може да доведе до подобар сон.

Ако имате останато неколку слатки компири од вечерата или ручекот, можете слободно да ги дојадете пред спиење, бидејќи тие содржат калиум кој помага мускулите да се релаксираат.
Млечните производи, како што се лесни сирења или јогурт, исто така, убаво влијаат на сонот.

Сепак, најдобриот избор за лесна вечера пред спиење е зелениот зеленчук. На пример, спанаќот, кељ или зелен грав се одличен извор на калциум, што му треба на телото за да произведе мелатонин.

Да потсетиме некои од намирниците кои не се препорачуваат пред спиење се брокула, сладолед, алкохол, зачинета и масна храна и кафе.

Коментирај