Оваа грешка често ја правиме за време на летните горештини, а таа е лоша по нашето здравје?!

0
243

Обидувајќи се на брзина да се разладат, луѓето секојдневно прават голема грешка. Така, наместо на нивното тело да им биде пријатно, неретко е уште полошо.

Голема грешка е во текот на летните горештини да се пијат ладни сокови и вода полни со мраз, бидејќи на ладната течност и е потребно повеќе време да се „рашири“ низ организмот и да го хидрира.

Затоа е идеално во текот на летото да се пие вода на собна температура, бидејќи така од неа најбрзо ќе имате корист. Водата секако е подобар избор од соковите.

Исто така, иако тоа можеби е тешко да се замисли, добро е да се испие топол чај и тоа кога надвор воздухот е сув, а не влажен.

Чајот ќе поттикне пот, а со тоа и разладување на телото. Имајте на ум дека со потењето се губи течност која секако е потребно да се надокнади.

Лекарите истакнуваат дека треба да се избегнува алкохолот, бидејќи тој дополнително го дехидрира организмот, како и би било добро да се намали внесувањето на кафе.

Каде и да бидете, секогаш крај себе имајте шише со вода, и од време на време напијте се неколку голтки. Ако тоа го практикувате секојдневно, вашиот организам ќе има доволно течност па лесно ќе ја поднесувате жештината.

Извор:taratur.mk

Коментирај