Ова видео ќе ве однесе на магично патување до Дубаи

0
660

Заедно со уште шест други емирати е составен дел на Обединетите Арапски Емирати. Кон федерацијата на градови, Дубаи пристапи 1971 година.

Обединетите Арапски Емирати се сместени на североисточниот дел на Арапскиот полуостров.

На југозапад се граничат со Саудиска Арабија, а на исток и север со Оман. Самиот Дубаи е сместен во процепот на Арапскиот залив, кој го дели на два дела.

Ова некогашно мало рибарско село во средината на 19 век прерасна во трговски центар и многу важно трензитно пристаниште помеѓу Блискиот и Далечниот исток. Денес овој град во арапскиот свет е познат како „град на трговци“.
Погледнете го видеото кое го подготвил снимателот Кирил Нејзмаков за едно ново магично патување!

Коментирај