Ова се тројцата играчи кои УЕФА ги објави за наградата најдобар фудбалер за минатата сезона!

0
185

УЕФА ги објави тројцата кандидати за традиционалните награди за најдобрите во минатата сезона во Европа.

Меѓу номинираните се двете најголеми светски ѕвезди Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус) и најдобриот дефанзивец на светот Вирџил Ван Дијк (Ливерпул).

Ако се суди според постигнатото во изминатата сезона, веројатно Ван Дијк ќе биде изборот за најдобар фудбалер за минатата сезона, со оглед дека холандскиот ѕид беше еден од клучните фудбалери за шестата европска титула на „црвените“.

Но, повторно останува нејасно зошто, како и во случајот со ФИФА за изборот за „Бест“, игнориран е најдобриот голман во моментов, Алисон, исто така од Ливерпул.

Во објаснувањето на УЕФА, Меси е номиниран како најдобар стрелец во ЛШ и носител на „златната копачка“, Роналдо за освоеното „скудето“ и триумфот со Португалија во Лигата на нации, а Ван Дијк за освоената титула во ЛШ и наградата МВП на финалето, како и за финалето во Лигата на нации.

Изборот за најдобар во сезоната ќе биде во Монте Карло на 29 август за време на ждрепката за Лигата на шампионите, што традиционално се одржува како најава за новата сезона.

Коментирај