Ова се резултатите од едно ново истражување: Богатите изневеруваат повеќе од сиромашните?

0
562

Мажите и жените различно реагираат кога станува збор за неверството. Токму затоа направивме интересна листа со факти за неверството, откриени на различни истражувања на оваа тема.

1. Почесто изневеруваат економски независните луѓе

Студија спроведена во 2015 година покажува дека личностите кои не зависат економски од партнерот се склони на љубовни афери. Ова особено важи за мажите.

Интересно е што мажите кои добро заработуваат се помалку склони на неверство, сè додека не заработуваат повеќе од 70% од домашниот буџет. Оние кои заработуваат повеќе од тоа се склони кон неверство.

2. Неверството може да ја поправи врската

Според истражувачот Гери Нојман, авантурата може да ја поправи врската, но под одредени услови. Партерот мора да чувствува грижа на совест и желба да го промени животот. Изневерениот партнер мора да биде сигурен дека аферата е завршена и дека не треба да се распрашува за детали во врската со третата личност меѓу нив.

3. Кој изневерил еднаш, тоа повторно ќе го направи

Нова студија покажува дека луѓето кои имале афера во некоја од претходните врски се трипати посклони повторно да изневерат и во новата врска.

Коментирај