Ова се последните резултати објавени од Државната изборна комисија

0
1822

Според последните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 99,96 отсто од гласовите, претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски има 42,85 отсто од гласовите, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова има 42,24 отсто, а кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река има 10,57 отсто од гласовите.

Резултатите во живо можете да ги следите на следниот линк.

Коментирај