Ова се осумнимата богати колку половина човештво

0
764

Најбогатите осум луѓе во светот поседуваат богатство вредно колку половина од светското население. Ова го покажува најновото истражување на британската невладина организација Оксфам. Листата и натаму ја предводи основачот на Мајкрософт – Бил Гејтс со 75 милијарди долари.

Веднаш зад него е сопственикот на модниот бренд Зара –  Амансио Ортега кој тежи 67 милијарди долари , трет на листата е мексиканецот Карлос Слим со 50 милијарди долари кој поседува 200 компании. Џеф Безос, е следен – тој е основачот на Амазон, и е уште еднен во низата примери за неверојатниот успех на интернетот. Неговото богатство се проценува на 45 милијарди долари. Основачот на социјалната мрежа Фејсбук Марк Закерберг има 44 ипол милијарди, следува Лери Елисон со нешто над 43 милијарди долари, кој парите ги заработил во бизнисот со информатички технологии. Следен, осми на листата е Мајкл Блумберг со 40 милијарди долари

Бил Гејтс со 75 милијарди долари. По него следуваат, Ворен Бафет со 60,8 милијарди, Карлос Слим со 50 милијарди, Џеф Безос со 45,2 милијарди, Марк Закерберг со 44,6 милијарди, Лери Елисон со 43, 6 и Мајкл Блумберг со 40 милијарди долари е претставник на медиумскиот простор но беше и 12 години градоначалник на Њујорк.

Анализата на британската невладина покажуваат дека половината од  светското богатство пред само една година го делеле околу 60 лица, но за краток период тие паднале под 10 односно во моментов осумина. Доколку со исто темпо се богати првиот човек на листава истражувањето покажува дека имотот на првиот супер милијардер во светот за 25 години ќе ја надмине за обичниот човек незмисливата сума од илјада милијарди долари. За да се потроши оваа сума потребно е да се троши милион долари дневно во текот на 2.738 години!

Оксфам повика на похумана економија и апелираше до владите низ светот да наметнат повисоки даноци за богатите и да ги намалат платите и даночните олеснувања на директорите. Тие сакаат бизнисмените да плаќаат чесен дел од даноците и ги повикаа компаниите да ги платат вработените доволно за да можат да ги покријат сите животни трошоци. Извештајот е наменет пред се за политичарите, економистите и бизнисмените кои неделава се собираат на редовниот Економскиот форум во Давос.

Коментирај