Ова многумина не го забележаа: Додека го апсеа Асанж во рацете држеше книга, еве што носеше со себе (ФОТО)

0
657

Додека полицијата го извлекуваше Џулијан Асанж од амбасадата на Еквадор во Лондон, тој во рацете цврсто држеше една книга. Се работи за книгата „Историјата за Државната Национална безбедност“ од авторот Гор Видал, пренесе „Спутник“.

Подоцна, пред судот во Вестминстер, Асанж во тишина ја читал оваа книга, пред да се изјасни дека е невин.

Како што се наведува, Видал преку збирка интервјуа во оваа книга опишал теми со кои опсесивно се занимавал и самиот Асанж. Книгата ги следи историските основи на воено-индустрискиот комплеск, како и експанзија на извршната моќ во САД, која довела до израз на „империјалното претседателство“.

„Луѓето изгубија глас, бидејќи немаат информации“, предупредува Видал во книгата.

Асанж вчера беше уапсен и исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде беше повеќе од шест години. Азилот што го доби од Еквадор го штитеше од екстрадиција во Шведска, каде го бараат поради наводно сексуална злоупотреба на колешка. Таа тужба беше отфрлена, но остана онаа која го чека во САД, поради објавувањето на илјадници доверливи документи од страна на Викиликс.

Коментирај