Ова е време на Шкорпиите!

0
257

Кога станува збор за луѓето родени во знакот Шкорпија, нема средина. Или ги сакате или ги мразите. Тие се или ваши пријатели или им се плашите.

Тие се најинтензивниот, најсложениот и еден од најемоционалните знаци во хороскопот.

Кога ќе се заљубите во една Шкорпија, ви посакуваме среќа. Бидејќи тие не наликуваат на ниту една друга личност со која сте биле во врска. Тие секогаш се врската во која се однесувате како да не знаете ништо, како да мора да ги учите сите работи од почеток. Тие се оние кои сакаат најсилно и кои си земаат дел од вас ако решат да си заминат.

Шкорпиите имаат голема способност да се однесуваат како две личности во една. Тоа е и застрашувачки,но и фасцинатно. Тие можат да бидат главни на една забава или пак воопшто да не се појават, бидејќи им е потребно време за себеси. Шкорпиите исто така се и многу романтични личности, но и силни реалисти. Тие можат да ги прочитаат луѓето и воопшто нема да се конфронтираат директно, туку ќе ви споменат дека сте ги излажале во првата ситуација која ќе им се јави како погодна. Често ќе ви кажат и нешто за вас за што ќе се прашувате од каде знаат или што не сакате да го слушнете.

Шкорпиите не губат време на секого, ама инвестираат многу време и енергија во луѓето кои тие ќе ги изберат. Често ќе ве отфрлат и ќе се прашувате зошто, а потоа ќе ве зграбат со двете раце и ќе ве остават збунети. Тоа е така бидејќи се плашат од поврзување со луѓето и имаат голем страв да се отворат пред луѓето. Затоа, ако ве засакаат, сметајте се себеси за среќни и ретки личности.

За нив, лојалноста е најважна. Шкорпиите имаат силна страст во себе, но тие никогаш нема да ве изневерат или излажат. Повеќе би ве повредиле со сурова вистина, отколку да го направат тоа. Некои луѓе ги сметаат за студени и без срце, но секој кој има блиска личност родена во овој знак знае дека тоа не е така. Најинтересното нешто за нив е колку лесно можат да ги контролираат своите емоции.

Шкорпиите анализираат и забележуваат работи многу повеќе од другите луѓе. Зборуваат само кога нешто е важно, а слушаат повеќе одошто зборуваат. Тие се тип на личност која сигурно би сакале да ја имате до себе, како блиска личност. Делуваат како личности без емоции, бидејќи исто така се и многу брутално искрени и саркастични.

Како  пријатели, тие ќе се борат за вас и секогаш ќе ја имате нивната поддршка, освен ако не им дадете причина да ви го свртат грбот. Тие ќе бидат најдобри пријатели, бидејќи се одлични слушатели и даваат добри совети. Шкорпииите ќе бидат од ретките пријатели кои ќе одговорат на вашите доцни пораки и повици.

Но, ако ве фатат во лага вие станувате нивниот непријател. Веднаш ќе ве исклучат од својот живот, без да ви дадат право да ја објасните својата страна. Ништо нема да ви објаснат. Само ќе исчезнат. Кога ќе ги видите повторно некогаш, само ќе ве погледнат длабоко па ќе ја свртат својата глава настрана.

Коментирај