Ова е менито за самитот Трамп – Ким: Погледнете какви јадења биле послужени

0
91

Бавно печени говедски ребра и слатко-кисело крцкаво свинско месо, меѓу другото, беа денеска на менито на работниот ручек на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур.

Како што сопшти Белата куќа, Трамп и Ким за предјадење имале избор од коктел од ракчиња и салатa од авокадо или зелено манго со прелив од лимета и мед, свеж октопод, како и корејски специјалитет со полнети краставици.

Главното јадење, говедските ребра, биле послужени со сечен компир печен во млеко и барени брокули, а пак слатко-киселото свинско со пржен ориз во лут сос. На трппезата имало и корејски динстан бакалар на соја со роткивци и зеленчук од Азија.

За десерт, двајцата лидери и нивните делегации можеа да бираат меѓу колачи од црна чоколада, сладолед од ванила со прелив од вишни и лепче полнето со крем.

Коментирај