Oва е договорот што се очекува да го потпишат Заев и Ципрас

0
2486

225024-1.Dogovor-694x700Severna Makedonija користејќи erga omnes (за внатрешна и надворешна употреба) верификувано со уставни измени е основата на договорот што се очекува да биде потпишан во Преспа до крајот на неделава, се вели во документот до кој дојде Алсат од грчки и меѓународни медиумиски претставници во Атина.

Според нашиот извор, договорот, меѓу другото, ги содржи следниве главни точки:

– Референцата „да се заштитуваат македонските малцинства“, се отстранува од Уставот на соседната земја, а делот за истородноста се услогласува аналогно со грчкиот устав.

– Периодот на транзиција се определува со измени на внатрешните документи на соседната земја и тој сложен процес ќе се поврзе со отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

– Ќе се формира комисија којашто ќе ја испитува употребата на трговските термини во двете земји.

– Македонскиот јазик е признаен, со забелешка дека Северна Македонија признава во договорот дека тој јазик има словенско потекло (како што е наведено во рамката на ООН).

– Во делот на националноста, терминот Македонец / граѓанин на Република Северна Македонија се применува со задолжителна напомена дека луѓето од оваа земја немаат врска со античката грчка култура.

(НАСКОРО СЛЕДУВА ДЕЛОТ ЗА ЕТАПИТЕ ПО ЕВЕНТУАЛНОТО ПОСТИГНУВАЊЕ ДОГОВОР)

Извор: alsat-m.tv/ makpress.mk


ОВА СЕ ЕТАПИТЕ: Еве што треба да се спроведе по евентуално постигнување на договор со Грција

Коментирај