Ова девојче има 6 години, повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм и од тоа заработува богатство!

0
657

Црвенокосото девојче Пикси Кертс има само 6 години, а на Инстаграм има повеќе од 100.000 следбеници. Притоа, секоја своја објавена фотка ја наплатува и тоа прилично добро.

Имено, Пикси за секоја фотографија добива по 6.000 долари и со својата мајка веќе развива сериозен бизнис. Нејзината мајка Рокси развила линија на аксесоари за коса, а јавноста ја осудува што своите амбиции ги остварува преку детето.

„Тоа е нејзиниот живот. Како и сите нејзини врсници и таа иде во градинка, но во слободно време ја промовирам на социјалните мрежи, патуваме, учествуваме на разни модни случувања. Сите се забавуваме, а покрај тоа и добро заработуваме“, изјави нејзината мајка.

Роски истакна дека штом ќе примети дека нејзината ќерка не ужива во модната игра, повеќе нема да објавува нејзини слики на Инстаграм.

(извор: Таратур)

Коментирај