Откриена е тајната на пирамидата Кукулкан во Мексико

0
273

Археолозите ја открија оригиналната структура изградена во внатрешноста на пирамидата Кукулкан на мајанските остатоци на комплексот Чичен Ица.

Минатата година е откриено дека пирамидата Кукулкан, која е позната и како Ел Кастиљо, е изградена на врвот на подземната река, која Маите ја сметале за света. Долго време се знае и дека помала пирамида се крие под видливиот дел од храмот.

Со томографија во внатрешноста на пирамидата Кукулкан која е висока 30 метри, научниците детектираа уште две помали пирамиди, едната со висина од 20 метри, а другата, што е сместена во нејзината внатрешност, е висока 10 метри.

piramida-cicen-ica-meksiko-turisti

Најмалата пирамида е изградена меѓу 500 и 800 година од нашата ера, а средната која е откриена во триесеттите години од минатиот век, е направена во периодот меѓу 800 и 1000 година. Последната, која е видлива однадвор, е изградена меѓу 1050 и 1300 година.

Ова откритие би можело да го промени погледот кон културата на Маите, во периодот пред да потпаднат под влијание на популацијата од централно Мексико.

Денес, Чичен Ица е локалитет под заштита на УНЕСКО, а годишно го посетуваат над милион туристи.

Коментирај