Откако отвори специјална војна со ДУИ, Мила Царовска најверојатно ќе биде жртвувана за опстанок на „бракот“ помеѓу ДУИ со СДСМ

0
646

Во ресорот труд и социјала турбулентни се односите меѓу коалициските партнери на релација ДУИ – СДСМ.

Министерката за труд и социјална политика на заеднички колегиум вчера била во просториите на Заводот за социјални дејности на средба со директорите на Центрите за социјална работа кои се под надлежност на министерството.

Извори брифираат дека атмосферата била тензична бидејќи Царовска се нафрлила на кадрите на ДУИ од струшкиот Центар за социјална работа со закани за работното место доколку не спроведе активности за закони кои се уште не се донесени од страна на Собранието. Имено, се работело за Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита со кои се укинува родителскиот додаток за трето дете и ја погодува албанската етничка заедница.

Инаку, Царовска веќе фрли ракавица за нарушување на односите меѓу партијата на Ахмети и партијата на Заев. Објавувањето на наводен скандал за непрефрлувањето на финансиски средства во Вториот пензискиот фонд, не само што го налути Ахмети, туку заедно со него се огласија и Артан Груби и Бујар Османи кои важат за блиски негови соработници. Царовска удри по кадрите на ДУИ кои досега директоруваа во Фондот за пензиско осигурување.

Министерката е две години на таа функција и ако биле направени овие погрешни трансфери, тие се направени во нејзино време бидејќи трансферите се прават од министерствотосо кое раководи таа.Значи одговорноста треба да се бара најпрво кај неа, а потоа кај другите – оштро реагираше пратеникот и организациониот секретар на ДУИ, Артан Груби.Бујар Османи, актуелниот владин вицепремиер, предупреди за итно извинување за оваа како што рече лажна вест.

Ахмети го зацврсти партискиот став дека Царовска отворила специјална војна против ДУИ.

Последниот случај каде излегува министерката и вели дека се изгубени 19 милиони евра, јас плаќам политичка цена – изјави Ахмети, откако Царовска јавно кажа дека се работело за техничка грешка.

Извори од партијата на власт потврдуваат дека СДСМ по претседателските избори ќе ја жртвува Царовска заради непромислените политички чекори во контекст антиалбанскиот приод во третирањето на албанците и албанските прашања, како и објава на скандали со кои висока е цената која сакал или не, ќе мора да ја плати Ахмети во трката по гласови на престојни претседателски, но и парламентарни избори.
Во спротивно ниту еден закон во собраниските клупи, предложен од страна на министерството за труд и социјална политика нема да биде поддржан од страна на Демократската унија на албанците.

Извор: Република.мк

Коментирај