Откако го ослободија Заев за поткуп, судиите станаа добри и нема да одат на реизбор

0
364

Едно од клучните ветувања на Зоран Заев и СДСМ во предвечерието на предвремените парламентарни избори во 2016-та година беа реформите во правосудниот систем.

Имено Заев и најистакнатите „борци“ за правна држава од уста не ја вадеа паролата „нема правда, нема мир“, но набрзо откако во премиерската фотелја седна Заев, тие заборавија на сите свои ветувања.

Изминува и третата година од владеењето на СДСМ, а уште нема ниту “Р“од реформи во македонското правосудство. Клучното ветување на Зоран беше генералниот реизбор на судии во Македонија, кој требаше еднаш засекогаш да стави крај на корупцијата во судството.

Планот за реизбор на судии, за жал, беше актуелен во македонската јавност само до денот додека  Зоран Заев не доби ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“, случај во кој тој беше снимен како бара поткуп од 200.000 евра од струмички бизнисмен. Откако Заев доби ослободителна пресудата тој целосно заборави на оваа идеја и ниту еден судија не беше променет.

Да се потсетиме на изјавите и ветувањата на Зоран Заев пред изборите на 11 декември 2016-та година:

-Најавувам генерален реизбор на судиите во државата, тоа ќе се случи веднаш по 11-ти декември.

-Мора да ги тргнеме валканите раце на политичарите од правосудството, Албанија прави одлични реформи.

Зоран Заев речиси една година беше на чело на владиното тело за реформи во правосудството што му овозможуваше навистина да го спроведе своето ветување за реизбор на судии. Сега на чело на телото е министерката за правда и близок соработник на Зоран Заев, Рената Дескоска и токму таа вели дека генерален реизбор на судии во Македонија не е возможен.

Очигледно ваквата “реформа’ служеше само за уцена на судиите кои треба да судат онака како што Заев сака.

Коментирај