Отец Ивица Тодоров: Во очи на сите да им кажеме „ЈАС СУМ, ТОА ШТО СУМ – МАКЕДОНЕЦ, МАКЕДОНКА!“

0
1106

Драги мои Македонци и Македонки,

Ние во моментот сме најподло ставени во игра на САМОУНИШТУВАЊЕ, односно, во процес на САМОУБИСТВО, или уште поедноставно – треба сами да си пукаме во глава за убиецот да остане невидлив и невин, а целта да биде остварена!

Едноставно, само малку размислете за реалноста во која се наоѓаме за да ви стане јасно дека сме ставени во улога на САМОУБИЦИ!

Имаме ли шанса ДА НЕ СЕ САМОУБИЕМЕ?
Имаме, и тоа ГОЛЕМА!

Времето работа за нас! Времето на нео – квази – либералните тоталитаристи одминува, а на реалната суверена патриотска демократија – ДОАЃА!

Потребно е мудро да се издржи притисокот без „паѓање“ на провокации, без говор на омраза, без непотребно губење на енергија!

Потребно е сериозно ЕДИНСТВО на сите кои се за Македонија без разлика на партиска, верска или идеолошка основа!

Без разлика дали си член на оваа или онаа партија, без разлика дали си верник, неверник, лев, десен, неопределен – ПРИКЛУЧИ СЕ, не спиј ти!

Потребна е МАСОВНОСТ, СВЕСНОСТ и БОРБА со факти и аргументи на сите полиња, од личен разговор преку медиуми од секој вид до алармирање на светската објективна јавност за тоа дека лажните либерали, а докажаните тоталитаристи не притискаат да бидеме САМОУБИЦИ, односно сами од „СУМ“ да си пресудиме да бидеме „НЕ СУМ“!

Потребна е сета енергија на македонскиот народ и на сите одговорни граѓани на РМ, а ОСОБЕНО на одговорните и неуценетите политичари да се НАСОЧИ кон НЕИЗГЛАСУВАЊЕ и НЕПРИФАЌАЊЕ на НЕУСТАВНИОТ и уништувачкиот за Македонците закон за употреба на албанскиот јазик на целата територија на РМ.

Со овој закон се КРШИ државотворната кичма на РМ, а со промена на името се ГУБИ суштината на тоа што сме.

Ако, не дај Боже, помине законот за јазиците и се смени уставното име на државата тогаш Македонците ќе станат ЛЕШ СО СКРШЕНА КИЧМА! Од „СУМ“ ќе мора да преминат во „НЕ СУМ“!

Затоа ВО БОРБА македонски народе, во последната битка од војната за Македонија и Македонците!

Имаме голема шанса да победиме затоа што вистината и правдата се на наша страна, а и времето работи за нас!

Потребно е само ЗАЕДНО, ОБЕДИНЕТИ и МУДРО да го издржиме ударот на подлоста и предавството за потоа сите да се радуваме на новото СОНЦЕ НА СЛОБОДАТА што ќе изгрее од срцата на денешното поколение Македонци!

ЗАЕДНО, ОБЕДИНЕТИ и МУДРО само напред за своето да го одбраниме, за пред Бога да станеме народ прав, за пред претците да не се посрамиме, а идните поколениа да не спомнуваат со крената глава!

И се разбира, во БОРБА за да можеме слободно и достоинствено во очи на сите да им кажеме:

„ЈАС СУМ
ТОА ШТО СУМ,
МАКЕДОНЕЦ,
МАКЕДОНКА!“

Зашто да „СУМ“, да „БИДЕМЕ“ од Бога ни е дарувано и тоа НИКОЈ не може да ни го одземе!

Пишува: презвитер Ивица Тодоров,
свештенослужител во МПЦ-ОА
+++

Коментирај