Отец Ивица Тодоров: Како против неединството, најголемата болест во семакедонското тело?

0
382

Телото на македонскиот народ боледува од многу болести кои се причина за многу наши сенародни несреќи, промашувања и трагедии!

Да, никој не го спори фактот дека за многу наши несреќи, промашувања и трагедии е виновен и надворешниот фактор, но тој зима сила врз на нас кога ние сме слаби, кога семакедонскиот морален имунитет е скоро бессилен, кога немаме идеа, визија, мудрост, стратегија!

Според мене, но и според многумина сериозни и објективни дијагностичари на нашите болести – најстрашната болест во македонското тело е НЕЕДИНСТВОТО! Баш НЕЕДИНСТВОТО оневозможувало остварување на многу градивни идеи и лични и колективни жртви за доброто на Македонија и нејзиниот народ! Баш НЕЕДИНСТВОТО е директната причина за моменталната крајна неповолна состојба во која се наоѓа РМ и македонскиот народ! Баш НЕЕДИНСТВОТО не доведе до тоа да мораме да се бориме за она најосновното, за името, идентитетот, државата, опстојувањето!

Браќа и сестри, Македонци и Македонки, ако НЕЕДИНСТВОТО го дијагностициравме како наша најопасна болест – тогаш како да ја победиме, како да го заздравиме македонското тело?

Овој процес не е лесен, но не е и неостварлив!

Ако сакаме да градиме и одржуваме ЕДИНСТВО особено со оние со кои ЗАЕДНО треба да се бориме за да БИДЕМЕ тогаш потребно е да се научат и практикуваат следните нешта:

1. Никогаш не смееме да ја наметнуваме својата воља на другиот, односно, не смееме да му наметнуваме наше мислење, став, идеа. . .

2. Никогаш не смееме во процесот на изградба на ЕДИНСТВОТО да влеземе со свои егоистични, кариеристични, материјални и други проблематични и патолошки цели и намери. . .

3. Никогаш не смееме другите, останатите да ги доживуваме како „материјал“ за остварување на свои егоистични и себични цели, а особено е НЕПРИФАТЛИВО другите низ процес на манипулација/ измама/ неискреност/ лажни информации да ги наведеме да ни слугуваат на нашите лични цели кои подмолно ги објавуваме како заеднички и општополезни…

4. Секогаш треба да се практикува силата на ВЗАЕМНАТА ПОЧИТ, ДОВЕРБА, РАЗБИРАЊЕ, РАЗГОВОР!

На овој начин се доаѓа до ОБЕДИНУВАЧКА ЕНЕРГИЈА – до СИЛАТА на ЕДИНСТВОТО, на ЕДНОТО кое станало такво низ процесото на прифаќање и почитување на другиот и другото, на ОПШТОПОЛЕЗНОТО…

5. Секогаш над личното треба да биде заедничкото – зашто преку заштита на ЗАЕДНИЧКОТО се брани ЛИЧНОТО, се брани домот, семејството, животот, идентитетот, верата, јазикот! Се подразбира дека ЗАЕДНИЧКОТО не смее да го насилствува ЛИЧНОТО! Заедничкото е навистина силно ако ЛИЧНОТО – свесно, слободно, љубовно мотивирано и почитувано – се вклучи во ЗАЕДНИЧКОТО!

6. Секогаш, сите ЗАЕДНО треба да ги дефинирааме, објасниме и РАЗБЕРЕМЕ вистините/ вистината, вредностите, целите, задачите, визијата и мисијата што треба ЗАЕДНО во ЕДИНСТВО да ги практикуваме, живееме и сведочиме…

7. секогаш, сите ЕДИНСТВЕНИ треба да разбереме дека колку подобри/ поморални/ помудри/ пообразовани ќе бидеме – толку ПОДОБРА, ПОНАПРЕДНА, ПОЧОВЕЧНА и ПОУБАВА ќе ни биде заедничката татковина – Р. Македонија!

ЕДИНСТВОТО е СИЛА! ЕДИНСТВОТО е ЖИВОТ!

ЕДИНСТВОТО води кон ПОДОБРО, а НЕЕДИНСТВОТО води кон егоистична завидлива деструктивна студена темнина која води до исчезнување, омраза, несреќа, смрт, сатаносличност!

Ваш брат во Христа, слуга, сонародник и соборец за УБАВА МАКЕДОНИЈА, презвитер Ивица Тодоров.

Коментирај