Осуденик од Скопје се обидел да силува малолетно девојче

0
161

Скопјанец по кој се трага за издржување казна затвор, извршил полови дејствија над 15-годишна малолетничка, вчера во куќа во Струга.

Немилиот настан во полиција го пријавил таткото на девојчето, С.Ј. (37) од Скопје. Тој пријавил дека истиот ден околу 15 часот, во куќата на Ф.Н. во Струга каде што престојувал заедно со неговото семејството, С.Џ. (39) од Скопје извршил полови дејствија над неговата 15- годишна ќерка.

Полицијата го пронашла и го уапсила С.Џ., при што било констатирано дека тој се бара за издржување на казна затвор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Извор:taratur.mk

Коментирај