Остри напади од ИВЗ: Покорумпирано судство оваа држава никогаш немала

0
235

Членот на ИВЗ, Муамер Весели со остра реторика кон Владата и кон судството на денешната прес-конференција, ден по настаните во ИВЗ каде што со полиција имаше обид за смена на Реисот Сулејман Реџепи.

Меѓутоа Весели истакна дека документите со кои требало да биде сменет се фалсификат и одлуката на судот во крајна мера скандалозна.

-Во оваа Влада може да има се, но само судство не може да има. Покорумпирано судство од ова немало во историјата, од 1991 година па наваму. Го споменуваме Заев, го споменуваме и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а директорот за односите со верски заедници не го признаваме, изјави Весели.

Извор:Курир

Коментирај