Ме остави поради „Фејсбук“два дена по запросувањето, пресуди кобната реченица на мојата пријателка

0
153

Ада била пресреќна кога нејзиното момче конечно ја побарало за жена, но нивната свршувачка траела само 48 часа, и тоа поради една кобна реченица која ја изговорила нејзината пријателка.

Како еден погрешен статус или лајк е доволен да пукне љубовта се уверила и оваа девојка од Австралија на која, како што вели, „Фејсбук“ ѝ го упропастил животот. Нејзината исповед за „9Honey“ ви ја пренесуваме во продолжение:

Отсекогаш сум мислела дека дечко ми Роб ме гледа како божица. Многу му се допаѓаше што работам во голема фирма во која сум високо позиционирана. Често ми зборуваше како сите веднаш замолчуваат и ги вперуваат погледите кон мене кога ќе влезам во просторијата. Навистина мислев дека нашата врска е навистина добра. Можеби не совршена, но навистина добра. Да не го мислев тоа, никогаш немаше да го прифатам запросувањето.

Се радував на помислата дека животот ќе го поминам со него и веќе планиравме и семејство. Запросувањето беше волшебно. Обожаваме да планинариме и чинот се случи токму во една таква прилика со неверојатен поглед. Бев пресреќна, иако не изненадена, бидејќи веќе ја прашувал сестра ми кој ми е омилен скапоцен камен (се разбира, дијамант).

Ги мрази социјалните мрежи
Наредната вечер ги собравме најблиските пријатели на вечера да прославиме. Беше супер, сè до моментот кога другарка ми Џенифер ја изусти кобната реченица: „Ти понекогаш си многу агресивна на „Фејсбук“. Го видов изразот на лицето на мојот иден сопруг. Роб ги презира социјалните мрежи и нема ниту еден профил. Дури и многу малку знае како функционираат. Ми кажа еднаш дека преку профилите на неговите две сестри на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ увидел како истите се „зло“ и дека не сака да си има работа со овие платформи.

Мојата пријателка, неинформирана за нашите претходни разговори, го праша Роб што мисли тој за моето однесување на „Фејсбук“. Одговори кратко: „Не знам, слабо стојам со социјални медиуми“. Го продолживмне муабетот на други теми, ноќта заврши одлично.

Се згрози од мојот профил
Следниот ден, Роб замина рано, без поздрав, што не е типично за него. Подоцна ме побара и ми најави дека треба да разговараме. Дојде дома порано и практично ми кажа колку е згрозен од тоа што јас го постирам на „Фејсбук“.

„Ти таму си сосема друга личност. Имаш подли коментари, отровно коментираш кој што облекол, кој колку пари има и слични глупости“, ми рече. Се обидов да му објаснам дека сè е само забава, дека едноставно таму поминува таков ироничен хумор, дека понекогаш знам да се напијам неколку пијачки па да седнам на „ФБ“ каде пишувам работи за кои утредента чувствувам вина.

Не се предомисли. Ми рече дека сака да ја раскинеме свршувачката. Бев убедена дека се шегува, но тој беше смртно сериозен. Така мојот маж од соништата ме остави 48 часа откако ме праша дали сакам да бидам негова жена. Се обидувам да бидам подобра личност, да внимавам што пиушувам, но очигледно тоа не е доволно за да ми се врати. Но, барем ја научив лекцијата за следниот пат.

Извор: Република

Коментирај