ОСТАВЕТЕ ГО НАРОДОТ ДА ГО БРАНИ МАКЕДОНСКОТО: Судете го Смилковско и Диво Насеље, ние не сме терористи, ние сме Македонци!

0
898

За достоинството, гордоста и честа. За МАКЕДОНШТИНАТА.

За правниот систем кај нас, да зборуваме ќе ви се чини дека раскажуваме бајка. Кај нас бајките изгледаат вака:

Судството кое според закон и устав треба да биде “самостоен и независен државен орган” во здраво и демоктатско општество кај нас е партиско дувло. Па така.. кај нас терористи се судат со години и пресуда никако, а 27ми април е дефиниран како терористичко здружување.

Што е со оние терористи кои одзедоа осум животи на припадници на македонската полиција? Тука се одзедоа желби, мисии, неисполнети цели, не догледани чеда, останаа не кажани многу мајчински совeти, останаа пролеани и солзи. Тоа е тероризмот кој треба да го судите.

Знаете ли што е 27-ми Април? Будење на народот, гласот, уставот, законот и државата. 27-ми април е “ПОРОБЕНА МАКЕДОНИЈА”

Во здраво демократско општество на македонците за Македонија не би им судел учесник на “ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА” ШТО ГО ШАРАШЕ ИСТОТО ТОА ОБВИНИТЕЛСТВО ВО КОЕ ДЕНЕС РАБОТА!

Ве интересираше ли некогаш вас народот? Денес народот не го интересирате вие. Денес ние ќе се разбудиме. Денес нема да ви дозволиме да го ставате нашиот идентитет на референдумско прашање, нити пак ќе не прекрстите. Денес ќе го браниме МАКЕДОНСКОТО.

Нема ниту пак да му судите на македонец за Македонија. Нема да ви дозволиме да му ставите етикета за ТЕРОРИСТИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ на македонскиот народ кој ги пееше најгласно македонските песни, оној народ кој го вееше КУТЛЕШКО најсилно!

Ние не сме терористи, ние сме Македонци!
Судете го СМИЛКОВСКО, ДИВО НАСЕЉЕ ИСТО ТАКА.
ОСТАВЕТЕ ГО НАРОДОТ ДА ГО БРАНИ МАКЕДОНСКОТО!

Фејсбук објава на Климентина Марковска

Коментирај