Осогово се мајтапи со Челзи: Еве како изгледаат казните во нивниот тим

0
247

Вчера на социјалните мрежи се појави листа со казните што Френк Лампард и управата ги донесоа оваа сезона за фудбалерите на Челзи, а таа фотографија од кочанскиот клуб Осогово ја искористија за мајтап на сметка на англискиот тим.

Иако на теренот баш и не им оди во втората македонска лига Осогово дефинитивно се број еден тим на социјалните мрежи кај нас.

Погледнете како изгледаат казните во Осогово: 1. Доцнење на тренинг – тај носе топките на тренинг; 2. Доцнење на гостивање – испушташ автобусо; 3. Пораз во гости – Автостоп (п.с. не ги качувајте); 4. Кој фане кладилница – деле со сите; 5. Ако излаваш доцна пред натпревар – утре си у прв.

Извор: Спортски.мк

Коментирај