Основни принципи на кармата

0
425

Кармата е она што ние самите го привлекуваме да ни се случи со нашите дејства или пропусти.

Еве некои од основните принципи на кармата:
Најважниот и главен меѓу нив е дека додека не се научиш на нешто лекциите нема да престанат. Ако се среќаваш со исти проблеми, исти тешкотии, значи треба да научиш конкретна лекција и додека не ја совладаш, проблемите нема да поминат.

Другиот принцип е дека што чувствуваш, тоа го привлекува. Ако во твојот ум постојано кружат лоши, црни и тажни мисли, истите тие мисли и ги пренесуваш. Ништо убаво нема да дојде, ако мислиш само за негативното. Дури и полошо – дури и да дојде, нема да го препознаеш, бидејќи ќе имаш „очи“ само за црната страна на нештата.

Следната кармична лекција е дека животот е нашето огледало. Сите проблеми треба самите да си ги решиме.

Начинот на живот може да биде претставен како изградба на куќа – имаме визија, имаме желба, сонуваш за конкретно нешто, но ако не почнеме да градиме, тоа нема да се случи. Откако започнеме работа сепак, треба да сме внимателни – какви основи вложуваме, колку напорно се трудиме и најмногу – дали ќе успееме да ја изградиме нашата куќа од соништата.

Следниот кармичен закон е дека ништо не е случајно. Мислите дека меѓу две случки нема врска? Има, но вие не сте се обиделе да ја видите.

И за крај – не постои такво нешто како лоша или добра среќа, тоа е кармата. Што сме направиле, тоа ќе добиеме назад, или како што гласи една убава наша мудрост- што си посеал, тоа ќе жнееш.

Коментирај