Османи за прославата на „Шверцерите“: Имаше гласно навивање во несоодветен простор и ништо повеќе од тоа

0
475

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи излезе со коментар на прославата на навивачката група Шверцери во МНТ.Тој смета изјави дека премногу се дигнало врева околу настанот. Според него, станува збор само за несоодветно избрано место за прослава на таков наслов.

Sverceri-vo-MNT

-Се дига премногу врева, тоа не е најсоодветно место за прославување таков настан. Од медиумите видовме дека нема толкав проблем за да се предизвика врева. Имаше повеќе гласно навивање во несоодветен простор и ништо повеќе од тоа. Не треба од секоја ситуација да создаваме предуслови за дебата која може да повлече меѓуетнички тензии, поготово ако немало демолирање како што можевме да видиме од извештаите. Треба да се научи лекцијата за нареден пат, вели Османи.

Извор:Република.мк

Коментирај