Османи контра Заев и СДСМ: Не е сега време на лицитација и популизам – постојат други начини на штедење и кратење

0
371

Не се согласуваме со ставот на СДСМ како прва мерка да биде намалување на платата на луѓето во јавната администрација на ниво на минимална плата, затоа што сметаме дека постојат други начини на штедење и кратење и сметам дека тоа треба да ни биде последна мерка, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во гостување во отвпреното студиот на ТВ 24.

Во однос на предлогот на министерката за правда Рената Треноска Десковска, за укинување на финансирањето на политичките партии Османи смета дека сега не е време за лицитација и популистички предлози.

Не може никој да лицитира без да седне на маса и да координира со политичките партии, додава Османи.

Заев: Сите функционери, раководители и целата администрација да земаат минимална плата од 14.500 денари

Коментирај