Османи: Ќе го бранам Законот за јазиците пред Венецијанската комисија

0
225

Вицепремиерот Бујар Османи објави на социјалните мрежи дека патува во Венеција каде што ќе го брани Законот за јазиците:

На пат за Венеција, на сесија на Венецијанската комисија каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот договор но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава, објави на Фејсбук Османи.

Венецијанската комисија имаше забелешки за Законот за јазиците и оцени дека многу од одредбите на Законот ги надминуваат европските стандарди: Законот за јазиците оди премногу далеку, наметнувајќи нереални обврски на институциите, особено што се предвидува употребата на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена.

И претседателот Стево Пендаровски во интервју за „24 Отворено“ рече дека мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици е дека со истиот се даваат премногу права кои одат и преку стандардите на демократијата.

Извор: лидер.мк

Коментирај