Ослабена од тага: Се огласи 19-годишната свршеница на Дарко Лазиќ – Плачев пред шок собата додека Ана беше внатре

0
1479

Откако пејачот Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа и едвај спаси жива глава, се огласи и неговата свршеница која има само 19 години.

Инаку на неа, како и родителите на Дарко не им беше дозволено да го видат пејачот, а тоа единствено можеше да го направи неговата се уште законска сопруга Ана Севиќ.

-Не ми даваа да го видам првите денови. Само Ана ја пуштаа, а јас плачев и се молев пред шок собата и се надевав дека ќе ми дозволат само на една минута да бидам покрај мојот Дарко. Но се беше залудно. Плачев покрај неговата мајка, сите бевме во шок од страв што ќе се случи понатаму, вели Марина Гагиќ.

Инаку тие летово во Црна Гора ја најавија и својата свршувачка, а откако тој направи сообраќајна несреќа неговата свршеница ослабе неколку килограми бидејќи не може да јаде ниту да спие.

Коментирај