Орце Камчев пуштен на слобода

0
371

Бизнисменот Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во истрага на СЈО „Империја“, денеска излегуваат од куќен притвор, по одлука на Врховниот суд. Одлуката, како што неофицијално дознава”Фокус“ била донесена уште во петокот, а се очекува во текот на денот и официјално да биде потврдена од Врховниот суд.

Ова значи дека Врховниот суд ги прифати жалбите на осомничените, откако претходно донесе начелно правно мислење дека СЈО не е овластен тужител за предметите кои ги презеле од редовното обвинителство, по 18 месеци од добивање на „бомбите“.

Се очекува жалба до Врховниот суд да поднесе и осомничениот Сашо Мијалков, кој исто така е во куќен притвор.

Во „Империја“ осомничени се и мајката на Камчев, Ратка Куноска-Камчева, неговата сестра Кристина Камчева-Стојческа, Владислав Стајковиќ, Зорица Арсовска, Јованче Тасковски, Дејан Јанев, Лилјана Гајдовска, Тодор Мирчевски и Ванче Мијалчев.

Извор:lider.mk

Коментирај