Ортачки украле ташна со 15.000 евра и златен накит вреден 21.000 евра – едниот крадец е во притвор, по другиот се трага

0
328

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека заедно со засега непознато лице извршиле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничениот вечерта на 24 мај 2019 година, заедно со соизвршителот, провалил во стан во Прилеп со намера противправно да одземат предмети. Двајцата со погодно средство ја отклучиле вратата, влегле во внатрешноста и одзеле чанта во која имало 15.200 евра и златен накит, во вкупна вредност од околу 1.300.000,00 денари, околу 21 000 евра.

По образложен предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка во Основниот суд Прилеп на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена

Коментирај