Оригано- зачинете го вашето здравје!

0
1492

Оригано или див риган (Origanum vulgare), потекнува од грчкиот збор „орос“ што значи планина, и „ганос“ што значи среќа. Постојат повеќе од 20 видови, а потекнува од јужните делови на Европа, а денес најмногу се користи како зачин во Италија, Грција, Америка и Мексико.

Од античкото време ориганото има и медицинска примена. Таткото на медицината, Хипократ го користел ориганото како природен антисептик, но и како лек против болки во стомакот и респираторните болести. Не е ни чудно зошто Грците и ден денес го користат ориганото против воспалението на грлото.

Ориганото е богат со антиоксиданси, пред се со полифеноли и флавоноиди. Поред благотворните полифеноли, ориганото содржи и минерали: манган, железо, калциум но и витамин К. Ориганото е еден од најмоќните природни извори на антиоксиданти, тој има 40 пати повеќе антиоксиданти отколку што содржи јаболкото.

Докажано е и анти бактериското делување на многу видови на бактерии. Поволно делува на органите за варење, дишење и на нервниот систем.
Западната медицина го користи за нередовна менструација, паразити во цревата, осип на кожата, реума, чешање, воспаление на хранопроводникот, воспаление на уста, забоболка. Се користи и во бањи, да се намали сексуалната желба, да предизвика потење и сл. Хербални бањи со лисја на оригано се користат за кожни болести и отровни каснувања.

Ориганото е зачин со кој можеме добро да го зачиниме нашето здравје, со многу корисни состојки и антиоксиданси.  Време е да започнете редовно да го
употребувате при приготвување на секојдневните јадења!

Коментирај