Организаторите на протестите за „Диво Насеље“ бараат меѓународна истрага и преглед на случајот

0
128

На плоштадот “Скендербег” во Скопје започнаа протести против пресудите против обвинетите за случајот  “Диво Насеље”.

Учесниците на протестите од плоштадот Скендербег, иако се очекуваше да се упатат кон Собранието на Република Македонија, сепак протестираа пред Основниот Суд.

Организаторите на протестот бараат меѓународна истрага и преглед на случајот, кој според нив, е и неправда на Албанците во Македонија. Освен осудените лица во Случајот на “Диво Насеље”, бараат слобода и за другите осуденици во случаите “Монструм”, “Бродец” и други.

На протестот имаше големото присуство на полицијата, додека МВР денеска објави дека поради протестот централното подрачје на градот  ќе биде затворен патот.

Кривичниот Суд на обвинетите за настаните во Диво Насеље во Куманово, мај 2015 година, во кои животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, им  пресуди осум доживотни затворски казни, 13 ги осуди со по 40 години, шест со по 20 години, еден со 18 години и два со 14, два со 13 и два по 12 години и четири пресуди за ослободување.

Коментирај