Општина Свети Николе ги повикува семејствата да вдомат припадници на Peace Corps

0
399

На официјалната интернет страница на Општина Свети Николе – www.svetinikole.gov.mk, веќе неколку седмици стои јавниот повик до жителите на Општината во кој се повикуваат домаќинствата кои сакаат да се пријават како домаќини на волонтери од Мировен Корпус. Во оваа општина скоро секоја година по неколку од тие волонтери се сместуваат во локалните семејства.

zname_na_opshtina_sveti_nikole

Семејствата домаќини добиваат паричен надомест од 4000 денари месечно. На страницата на Peace Corps за Македонија, може да се прочита дека преку оваа програма од 1996 година до сега во РМ престојувале над 700 нивни волонтери, а годинава официјално се присутни 123.

Коментирај