Овие канцерогени работи сигурно ги имате дома и треба веднаш да ги исфрлите

0
488
Air Refreshener:freshener,air,smell,hand,bath,finger,house,interior,spraying,spray,bathroom,inside,blue,pressure,horizontal,fingers

Денеска користиме и јадеме многу канцерегено и тие се некои од причините зошто луѓето заболуваат од рак.

Еве кои работи се канцерогени, а сите ги имате дома:
1. Освежувач на воздух
Кога вашиот дом има непријатен мирис, сигурно повеќето од вас посегнуваат по освежувачот на воздух. Тестовите спроведени од страна на Советот за одбрана на природните ресурси, покажал дека повеќето освежувачи на воздухот содржат фталати, кои може да се мешаат со производството на машкиот хормон тестостерон. Имено, биле тестирани 14 освежувачи на воздух за кои не било наведено дека содржат фталати како состојка, па било откриено дека овие хемикалии биле присутни во 86% од тестираните производи, вклучувајќи ги и оние кои биле означени како „природни“ или „неароматизирани“.
2. Производи за чистење
Производите кои се наменети за чистење на вашиот дом исто така може да содржат не само канцерогени, туку и отровни материи кои поттикнуваат астма. Работната група за животната средина, непрофитна организација фокусирана на околината и јавното здравје, составила листа со најлоши производи за чистење на домот. Таа била надополнета во април оваа година и сега вклучува повеќе од 2.500 производи. Речиси три четвртини од испитаните примероци содржат состојки кои може да бидат штетни за дишењето, а повеќе од една четвртина од тие производи содржат состојки кои може да предизвикаат рак. Можеби најзагрижувачко е тоа што кај околу половина од производите не можат лесно да се откријат состојките. Организацијата предупредува потрошувачите да внимаваат на производите кои се означени како еколошки, затоа што тоа може да е погрешно и тие да содржат штетни материи.
3.Дезодоранси
Многу луѓе ги користат за да го намалат непријатниот мирис и потењето, но тие содржат штетни хемикалии кои се апсорбираат директно во кожата и предизвикуваат рак на дојката. Алуминиумите од антиперспирантите исто така се верува дека предизвикуваат и болести на мозокот, како што е Алцхајмеровата болест.

Извор: kurir.mk

Коментирај