ОМД бара од Грција да отвори дебата за правата на Македонците во Егејска Македонија

0
371

„На македонците во Егејска Македонија им е забрането користењето на зборот македонска при регистрирање на малцинските организации, што претставува флагрантно кршење на правото на слободна асоцијација и изразување на културна автономија.

Исто така, на македонците во Грција им е забрането формирање и регистрирање на македонска црква, што за една (не)демократска земја претставува брутално потиснување на верските слободни.

Покрај фокусот на недемократските мерки на грчката влада против своите малцинства, писмото се осврна и на политичкиот притисок од страна на Атина врз македонските власти за промена на македонското име, идентитет и национална свест.

После многубројните уцени и вета Грција конечно успеа, на недемократски и суров начин, да принуди потпишување на капитулациониот Преспански договор, со кој се потиснува постоењето на македонскиот идентитет. Сите овие проблеми со исполнување на основни човекови права го доведуваат во прашање грчкиот статус како лулка на демократијата.

Оригиналното писмо на меѓународната организација „Обединета македонска дијаспора“ прочитајте го во продолжение (на англиски јазик)

UMD-MCLA-Athens-Democracy-Foru-Ltr-1 UMD-MCLA-Athens-Democracy-Foru-Ltr-2 UMD-MCLA-Athens-Democracy-Foru-Ltr-3

Коментирај