„Охрид SOS“: Очигледно градоначалникот Георгиески не ги разбира препораките на УНЕСКО и не гледа никаков проблем со урбаната мафија

0
140

Фејсбук страната „Охрид SOS“ сподели статус каде нагласува дека градоначалникот на Охрид Константин Георгиески не ги разбира препораките на УНЕСКО, па оттука не разбира што е НЕлегално градење, нелегална урбанизација покрај крајбрежјето на езерото, ниту пак покажува искрена намера да се справи со нив.

-Денес почнува 43. Седница на Комитетот за светско наследство. Градоначалникот на Општина ОхридКонстантин Георгиески – официјална страна, спремен за Баку, неспремен да ги спроведе препораките на UNESCO!

Македонска делегација отпатува на 43. Седница на Комитетот за светско наследство за да издејствува политичка одлука на Комитетот и побара поправен испит. Но, дали има намера за поправка?

Од интервјуто со градоначалникот Георгиески, може да се заклучи следното:

1. Градоначалникот не разбира што значи НЕлегално градење. Имено, тој не го третира како криминал туку само како „тип на градба“. Исто така не прави ни разлика помеѓу објекти за кои е издаден налог за рушење и објекти кои се идентификувани како бесправно изградени.

2. Градоначалникот не гледа никаков проблем во (нелегална) урбанизација во строго заштитениот крајбрежен појас.

3. Градоначалникот наместо храброст и одлучност, покажува дека нема искрена намера да се справи со насилната и нелегалната урбанизација со што остава простор за истата несметано да продолжи.

4. Ваквиот став е во директна колизија со препораките од Реактивната мисија на УНЕСКО за кои македонската влада се обидува да купи време во Баку за да ги исполни.

Нелегалната урбанизација не е од вчера, ама градоначалникот тукушто ни кажа дека сигурно ќе е и утре, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Коментирај