20 C
Скопје
четврток, јуни 21, 2018
Вести Огромна тага: Ќеркичката на легендарниот спортист се удавила во базен (ФОТО)

Огромна тага: Ќеркичката на легендарниот спортист се удавила во базен (ФОТО)

0
1273

Двегодишната ќерка на легендарниот скијач Боде Милер, се удавила во базенот во Јужна Калифорнија, пренесуваат медиумите.

Оваа вест ја потврди и некогашниот олимписки шампион на својот Инстаграм профил. Официјалната причина за смртта не е позната, а трагедијата се случила на забава кај соседите, каде неговата ќерка Емелин била пронајдена во базенот. Кога ја извлекле од вода, се обиделе да ја оживеат, но безуспешно.

-Скршени сме. Нашата драга Еми вчера го загуби животот. Ни на сон не се надевавме дека ќе искусиме ваква болка. Нејзината љубов и дух никогаш нема да бидат заборавени. Целосно сме уништени. Ни за милион години не би помислил дека ваква болка може нас да ни се случи – напиша Милер на Инстаграм.

Извор:lider.com.mk

loading...

Коментирај