Оговарачница: Имам манипулатор син…

0
243

Анонимно:

Мајка сум на две машки деца и една ќерка. Помалиот син ми се вика Марко. Марко од секогаш беше добар и послушен син. Дете за пример!

Се додека не раскина со девојката со која беше во врска неколку години… Наеднаш некако се промени и се затвори во себе…

Не го земав тоа како нешто сериозно или опасно, ниту пак се сомневав во нешто се додека не почна да користи прескап телефон и да се облекува прилично скапо. Дури понекогаш имаше и повеќе пари во новчаникот од нас, а притоа не работи никаде и нема апсолутно никакви лични приходи.

Затоа се одлучив малку да го шпионирам. Му го земав еднаш телефонот и му ги читав пораките. Замислете, заведил десетина што омажени, што разведени жени, па дури и некои богати девојки.

А приказната е секаде идентична. Лаже за годините, образованието, работата, своите вистински чувства… Не знам што да кажам, со еден збор преварант… Манипулатор, глумец!

Уште од мал беше доста интелегентен, брзо учеше и беше доста снаодлив. Само што тоа сега е свртено во сосема погрешна насока.

На татко му уште му немам кажано, не знам што да правам, дали да и се јавам на поранешната девојка, не знам што и колку може да помогне или да разговарам само со него. Можеби е најдобро со сопругот да го седнеме и заедно да разговараме… Не знам, збунета сум, ве молам за совет…

 

*Од уредник:

Почитувани, веќе подолго време добиваме вакви и слични анонимни исповеди, па затоа од денес ја отвараме рубриката Оговарачница во која ќе си помагаме, ќе се советуваме, но, и ќе ги оговараме оние за кои не можеме да зборуваме со нашите сопрузи/ги, синови/ќерки, комшии/ки, другари/ки… Под оговарање мислам да си кажеме она што ни смета, барем да не ни тежи…

Поздрав, па повелете збогатете ја рубрикава и со ваши искуства.

Коментирај