Официјално: Роналдињо се врати во Барселона! (ВИДЕО)

0
537

Легендарниот фудбалер на Барселона, Роналдињо, повторно се врати на „Камп Ноу“, но овој пат во сосема друга улога.

Kако што вечерва соопшти клубот, Бразилецот ќе биде амбасадор на клубот и ќе се потруди да помогне во бројните проекти, кои се поврзани со промовирањето на Барса како бренд ширум светот.

Денес со почеток од 17.30 часот Роналдињо ќе биде претставен на официјална прес-конференција, на која повторно по пауза од девет години како член на Барса ќе може да им се обрати на јавноста и на фановите. Бразилскиот виртуоз како фудбалер во каталонскиот клуб настапуваше од 2003 до 2008 година.

Коментирај