Официјално: Пред Светското првенство потврден трансферот на Кузмановски во Германија

0
70

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски од јуни ќе го носи дресот на германски Магдебург.

Денес германскиот тим официјално го потврди договорот со бекот на Еурофарм. Кузмановски со Магдебург веќе потпишал предговор.

Тој сезоната ќе ја заврши во Еуфорам, а потоа се сели во Германија каде што се обврзал на верност од три години. Во својата кариера Кузмановски претходно го носеше дресот на Металург и Пелистер.

„Среќни сме што се договоривме со Филип Кузмановски, тој е ден од најталентираните бекови во Европа. Има само 22 години, но и покрај тоа со себе носи големи искуство од големи натпреварувања“, изјави тренерот на бундеслигашот, Бенет Веигерт.

Извор: sportski.mk

Коментирај