ОФИЦИЈАЛНО: ДУИ не донесе одлука за коалиција!

0
1232

На Мала Речица и вечерва без одлука! Рокот на Груевски да состави Влада завршува во 00:00 часот.

– Консултациите сеуште не завршиле, дебатата не е завршена. ДУИ не донесе одлука дали ќе оди во клоалиција со ВМРО-ДПМНЕ – соопшти вечерва портпаролот на партијата Бујар Османи.

За никоја од 5-те опции кои ги предложи Ахмети, ДУИ не одлучиле. Во исто време, Османи по тродневниот состанок на ДУИ, истакна дека тие не ја отфрлаат можноста да клоалицираат со ВМРО-ДПМНЕ доколку Иванов повторно им го додели мандатот на претставник на оваа партија.

Консултациите како понатаму ќе нестапи партијата, продолжуваат.

За половина час истекува рокот на мандатот кој во моментов го има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Мандатот ќе се врати во рацете на претседателот Иванов, кој според уставот, има право да го додели на друг мандатар по негов избор.

Коментирај