Oфицијално: Балотели има нов клуб!

0
104

Она што се најавуваше денес доби и официјална потврда – Балотели е нов играч на Бреша!

Балотели беше блиску до договор со бразилски Фламенго, но во текот на вчерашниот ден се појави информација дека од тој трансфер нема да има ништо и дека сега Бреша е фаворит да го доведе.

Преговорите со Фламенго беа прекинати затоа што Балотели доби задоволувачка понуда од Бреша, а таа му беше прималива поради враќањето во Серија А.

„Марио Балотели е нов играч на Бреша. Тој стави потпис на повеќегодишен договор. Неговото враќање во Италија после три години се должи на неговата желба да се врати во Бреша, градот во кој израсна. Тука Марио ги направи првите чекори во фудбалот“, стои помеѓу другото во официјалното соопштение на Бреша.

Извор: sportski.mk

Коментирај