Официјално: Арон Ремзи oд следната сезона ќе игра за Јувентус

0
221

Откако подолго време се поврзуваше со трансфер во Јувентус, италијанскиот шампион синоќа и официјално потврди дека Арон Ремзи на лето ќе стане нов фудбалер на „бјанконерите“. Велшанецот во Торино ќе пристигне како слободен играч, со оглед на тоа што неговиот актуелен договор со Арсенал му истекува по крајот на оваа сезона.

Италијанскиот гигант синоќа и официјално го потврди неговиот ангажман, а Ремзи во Јувентус ќе заработува околу 7 милиони фунти годишно. Ремзи оваа сезона настапи на 30 натпреварии за „топчиите“ на кои што постигна три погодоци и запиша седум асистенции.

Извор:Република

Коментирај